Македонец со волшебен глас прави журки во Париз

4 септември, 2018 | 12:22 часот | 260 прикажувања |

Младиот талентиран пејач и клавијатурист кој живее и работи во Франција, Даниел Тренчовски објави кавер-верзија на големиот хит „Опрости ми што те волим“ на Жељко Бебек.

Аранжманот на кавер-верзијата го направи Маријан Стоименов – Ѕика, додека видеото е снимено во Париз во црно-бел формат при кој максимално се визуелизира емоцијата на Даниел при изведбата.

Даниел Тренчовски или Дени Лајв, како што е познат, е роден во Македонија каде што го завршил своето образование и научил да свири клавијатура. Пред 4 години патот го одвел во Франција, каде продолжил да им ги разубавува важните моменти на луѓето. Од нашите локали, продолжил да настапува во француски локали, дискотеки, приватни забави, а најчесто јавноста може да го види на иста сцена и заеднички настапи со големите ѕвезди како Милица Тодоровиќ, Александра Пријовиќ, Драгана Мирковиќ, Џани, Лапсус Бенд и многу други групи во најпознатата дискотека „Redlight“ во срцето на Париз.

Неговата листа со настапи е веќе преполна до следната пролет, но покрај Франција, нашиот Тренчовски често има свои концерти и во Германија и Швајцарија за каде секогаш се бара билет повеќе.