Прилепчанец го загуби животот откако се судрил со камион

28 август, 2018 | 12:01 часот | 496 прикажувања |

51-годишен жител на Прилеп го загуби животот, откако се судрил во товарно моторно возило „Даф“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

„На 27.08.2018 година во 11,20 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп во близина на бензинската пумпа „Лукоил“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Даф“ со приколка „Коегел“, со радовишки регистерски таблици, а управувано од Ј.П.(26) од Радовиш и патничко моторно возило „Фиат Фиорина“ со прилепски регистерски таблици, управувано од П.Т.(51) од Прилеп. Oд здобиените повреди на местото на настанот починал возачот П.Т.. Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција и се работи на целосно расчистување на случајот“.