На ГП „Богородица“ откриени тројца илегални мигранти

28 август, 2018 | 11:54 часот | 421 прикажувања |

Вчера во 12:10 часот во Полициската станица за Граничен премин Богородица било добиено известување дека на царинскиот терминал Богородица при преглед на товарно моторно возило „Сканиа“‘ со ирански национални ознаки управувано од М.М.(32) во горниот дел на приколката биле откриени три лица илегални мигранти.

На местото на настанот бил испратен патролен тим од Полициската станица за Граничен премин Богородица по што било констатирано дека се работи за три лица од Авганистан, по што возачот и илегалните мигранти биле приведени и со потврда за предадени лица биле предадени на полициски службеници од Полициската станица Михајлово.