Димитров го посети Летниот камп по македонски јазик и култура

25 август, 2018 | 17:22 часот | 361 прикажувања |

Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров го посети Летниот камп по македонски јазик и култура „Ја сакам Македонија”, што во организација на Министерството за надворешни работи се одржува во Охрид, а на кој учествуваат деца со македонско потекло од десет држави од Регионот и пошироко. Оваа манифестација се одржува од 2012 година.

Mинистерот Димитров изрази благодарност за интересот да се посетува наставата по македонски јазик и потенцираше дека бројното присуство е уште еден доказ за љубовта кон Република Македонија како нивна втора татковина.

Министерот укажа на потребата, сите и особено најмладата генерација да го чуваме и афирмираме македонскиот јазик како наше најголемо духовно и културно наследство.

„Овие манифестации се од огромна важност за нас како Македонци и нужно е да продолжат да се негуваат и да стануваат помасовни, пред се’ заради нашите идни генерации”, истакна Димитров.