Денес почнуваат 57 струшки вечери на поезијата

22 август, 2018 | 10:49 часот | 215 прикажувања |

Денес со интерпретација на „Т’га за југ“ од Константин Миладинов пред домот на поезијата во Струга, како и со „Поетските меридијани“ на кои своја поезија ќе читаат поети од целиот свет свечено ќе биде отворено уште едно издание на поетскиот фестивал „Стручки вечери на поезијата“ фестивал кој ќе трае до 27 август а ќе се одржува на различни локации низ Струга и во неколку градови низ државата.

На ова ќе му претходи садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на Златниот венец во Паркот на поезијата, после кое следува официјалната прес конференција со лауреатот.