На денешната владина седница ќе се објават средствата кои ќе бидат наменети за кампањата за претстојниот референдум

22 август, 2018 | 10:37 часот | 238 прикажувања |

Владата денеска на седница треба да ја одреди сумата што ќе се користи за кампањата за претстојниот референдум, врз основа на информациите за средствата што ги имаат на располагање.

Дел од институциите доставиле информации колку финансии би можеле да одвојат.

Досега само Министерстото за одбрана објави дека околу 60 милиони денари ќе намени за претстојниот референдум.

Од другите министерства нема информации кој колку средства ќе пренамени за оваа цел, иако вчера истече рокот за доставување информации до Министерството за финансии, за средствата што ги имаат на располагање, што би можеле да се пренаменат за кампањата за референдумот.