Протест пред судот, судењето за крвавиот четврток почнува денес

22 август, 2018 | 10:12 часот | 482 прикажувања |

Денес пред Кривичниот суд група граѓани со парола„Судење на уметници и парламентарци како терористи е срам на векот“ се собраа за да дадат поддршка на обвинетите за 27 ми април.

Обвинети во овој случај се поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Крсто Мукоски, Сашо Василески, Јохан Трчуловски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, водачите на здружението „ За заедничка Македонија“, и други граѓани.

Дваесет и осум од нив се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата, а двајца за помагање на делото.

Овој случај ќе го води судијката Добрила Кацарска.