Тешка сообраќајка на излезот од Битола кон Прилеп

10 декември, 2017 | 23:08 часот | 358 прикажувања |

Teшка сообраќајна несреќа се случила вечерва околу 22 часот на излезот од Битола пред клучката за Прилеп, пренесува порталот Маркукуле.

Судрени се две возила, при што е причинета голема голема материјална штета, а неофицијално има и повредени.

Несреќата предизвика долга колона возила, а присутна беше и екипа на брзата помош, како и поголемо присуство на полиција кои го регулираа сообраќајот.

Полицијата моментално врши и увид за откривање на причините за несреќата.