Османи не гледа ништо спорно во објавените конкурси за работа пред референдумот

12 август, 2018 | 20:00 часот | 514 прикажувања |

Вицепремиерот на Владата и главен преговарач со ЕУ, Бујар Османи, за Телма истакна дека се консултирал со законските прописи и дека имал право да објави огласи за 200-тини отворени работни места во државните агенции, институции и администрација.

„Тоа се веќе објавени огласи кои јас само ги прикажав на мојот фејсбук-профил. Се распрашав за тоа дали има некое законско прекршување и увидов дека нема ништо спорно во тоа. Активностите на Владата на РМ не запираат кога има референдум, па така истото важи и за тоа кога се вработуваат нови лица. Ситуацијата за парламентарни, претседателски и локални избори не важи кога станува збор за референдумско изјаснување“, изјави Османи.

извор: Телма