ОМД одржа помен за жртвите од поделбата на Македонија во 1913

12 август, 2018 | 19:34 часот | 791 прикажувања |

По повикот на Обединета македонска дијаспора (ОМД), се одржа помен и едноминутен молк за жртвите од бруталноста на грчката држава од поделбата на историска Македонија во 1912-1913. Поменот се одржа на неколку локации во светот, како Мелбурн, Лондон, Хјустон, Вашингтон, Торонто и Скопје.

Во скромен број, учесниците придружувани од полиција, запалија свеќи пред секое грчко конзуларно претставништво и амбасада.

Во Скопје 90 полицајци ја обиколија амбасадата, ги блокираа пристапните улици до истата и не им дозволија на учесниците да запалат свеќи и да сликаат, со објаснување дека доколку сликите осамнат на социјалните мрежи, казната е 5.000 евра.

ОМД најави традиционално одржување на настанот на годишно ниво.