Автомобил удри во петгодишно дете во струшко

2 август, 2018 | 12:58 часот | 613 прикажувања |

Пет годишно дете од струшкото село Долна Белица е тешко повредено откако во него удрил автомобил во населбата Фериште-струшко.

Поради сериозноста на повредите констатитани од лекар од Медицинскиот центар во Струга, детето било префрлено во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.