Македонски државјанин киднапиран и убиен во Авганистан

2 август, 2018 | 12:04 часот | 387 прикажувања |

Македонски државјанин е киднапиран и убиен во главниот град на Авганистан, Кабул. Тој е убиен заедно со уште двајца странци кои работеле за меѓународна компанија за храна во Кабул.

„Индиски, малезиски и македонски државјанин беа киднапирани и убиени, а ги пронајдовме нивните тела“, изјави денеска портпаролот на началникот на на полицијата во Кабул Хашмат Станекаи.

Портпаролот прецизира дека тројцата работеле во втората по големина компанија за храна и кетеринг во светот Содексо.

Авганистански претставник соопшти дека нивните лични карти биле пронајдени покрај нивните тела и оти сега бараат потврда од фирмата за која работеле.