На 22 и 23 декември вонреден конгрес во Валандово за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ

10 декември, 2017 | 22:59 часот | 831 прикажувања |

На 22 и 23 декември во Валандово ќе се одржи 16-тиот Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за избор на нов лидер. Оваа одлука вечерва ја изгласа Централниот комитет на партијата.

„Како датум на одужување ги утврдуваме 22 и 23 декември 2017 година, како место го одредувамме Валандово. ЦК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука и за бројот на делегати кои ќе учествуваат на овој 16 вонреден Конгрес и нивниот број изнесува 544. Списокот на делегатите ќе биде објавен на веб страната на партијата по завршување на состанокот на Централниот комитет“, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Високи партиски извори, како што објавија дел од медиумите, велат дека големо мнозинство на Централниот комитет гласало за одржување на Конгресот.

Одлуката да се свика Конгресот ја поддржале 100 членови на партиското тело, 10 биле воздржани а 1 против.

Рокот за поднесување кандидатури за нов претседател на партијата почнува да тече од денес и ќе трае се до 21-ви декември до 15 часот. Кандидатурите се поднесуваат во архивата на партијата од страна на заинтересираните кандидати или од нив овластени лица, а процедурите во партијата велат дека кандидатура за претседател може да поднесе секој што има поддршка од 30 делегати на Конгресот, а ќе биде избран оној за кого ќе гласаат повеќе од половината од вкупниот број на делегати чиј број за овој конгрес е одреден на 544.

Мицкоски: Кој и да застане на чело на ВМРО-ДПМНЕ ќе го порази Заев