Димитров и денеска нема да реферира, седницата на Комисијата за надворешна политика е одложена

1 август, 2018 | 10:21 часот | 413 прикажувања |

Седницата на собраниската Комисија за надворешна политика на која отчет за надворешната политика требаше да има шефот на дипломатијата Никола Димитров повторно е одложена.

Седницата на оваа Комисија досега беше неколкупати одложувана.

Министерот Димитров не успеа да се обрати пред членовите на Комисијата, бидејќи претседателот на Комисијата Антонио Милошоски бараше пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат да ги добијат класифицираните материјали од две лидерски средби одржани кај претседателот на Република Македонија. Материјалите, рече, се битни за меѓународната политика и за работата на министерот Димитров. Недоставувањето, според Милошовски, значи дека владејачкото мнозинство нешто сокрива и остава простор за сомнеж.