Илинден Иванов ќе го слави на Мечкин камен, Заев на Пелинце, а Мицкоски во Ташмаруништа

1 август, 2018 | 10:12 часот | 952 прикажувања |

Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ.  На 2август започнало Илинденското востание во 1903 година.

По повод чествувањето на овој голем празник на македонскиот народ во вековната битка за слобода и независна држава во Крушево на мечкин камен , ќе говори  претседателот на државата Ѓорге Иванов, а според најавите на големиот собир на мечкин камен  ќе присуствува и Метју Палмер, вршителот на должноста  заменик-помошник на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија.

Заев ќе говори од  комплексот „Пелинце“, каде е организирана прослава под мотото „Наша Македонија“, соопшти Владата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на традиционалниот народен собир во Ташмаруништа Струшко.

Таму традиционално ќе се одржи 70-та Културна манифестација Илинден со која се чествува верскиот и државен празник на 2 август. Ташмаранушта и регионот имале активна улога во Илинденското востание.