Форбс ја објави листата на најплатените јавни личности во светот

20 јули, 2018 | 18:42 часот | 217 прикажувања |

Познатото списание „Форбс“, според својата долгогодишна традиција, ја објави листата на најплатените личности од јавниот живот.

На чело на годинашната листа е боксерот Флојд Мејведр со заработка од неверојатни 285 милиони долари, а на второто место е актерот и филантроп Џорџ Клуни, кој заработи 239 милиони долари.

Третото место ѝ припадна на ѕвездата Кајли Џенер, која заработи 166 милиони долари во изминатата година.

Меѓу првите пет се најде и Двејн Џонсон, поранешен професионален борач, а сега познат актер и продуцент, со заработка од 124 милиони долари.

Овие имиња ги следат бендовите „У2“ и „Колдплеј“, како и Кристијано Роналдо и Лионел Меси.