Момче од Велес пронајдено мртво во куќа во Охрид

19 јули, 2018 | 15:21 часот | 1.183 прикажувања |

Велешанец е пронајден мртов во куќа во Охрид во текот на вчерашниот ден.

Од полицијата информираат дека во 10,45 часот било пријавено дека во куќа на улицата „Питу Гули“ бил пронајден починат А.Д.(26) од Велес, кој живеел како потстанар.

-Смртта била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, информираат од МВР.