Ансамблот „Танец“ вечер ќе одржи концерт во рамки на Скопско лето

19 јули, 2018 | 10:33 часот | 679 прикажувања |

Вечер на плоштадот “Карпошово востание”  со почеток во 20:30 часот вокално-инструментален концерт ќе одржи Ансамблот за народни игри и песни на Македонија “Танец”.

Репертоарот на “Танец” се состои од најубавите игри, песни и оркестарски дела како што се: “Невестинското”, “Тешкото”, “Комитско”, “Чифте Чамче”, “Осоговка“.

На филмската програма Кафе-кино,  од 21 часот во Сули ан ќе биде прикажана фантастичната мистерија „Телма“ на режисерот Јоаким Трир. Филмот е снимен минатата година и е копродукција меѓу Норвешка, Франција, Данска и Шведска.