Нелсон Мандела – еден од најзначајните нобеловци за мир и слобода во светот и икона на борбата против апартхејдот

18 јули, 2018 | 10:37 часот | 140 прикажувања |

Нелсон Мандела бил првиот демократски избран претседател на Јужноафриканската Република. Тој бил познат борец против апартхејдот во Јужна Африка и светски борец за слобода.

Неговата порака на помирување а не одмазда го инспирираше светот откако „белата влада“ го смести зад решетки 27 години,

Пред да биде ослободен, Мандела сакал да го разбере својот противник научил и дека треба да им прости и со нив да соработува. Поради тоа во 1994. година Нобеловата награда за мир ја поделил со седмиот и последен претседател на ЈАР од времето на апартхејдот, Фредрик Де Клерк.

„Како што тргнав низ вратата кон портата која ме носеше до мојата слобода, знаев дека ако јас не ја напуштам мојата горчина и омраза зад себе, јас се уште ќе бидам во затвор”, рече Мандела, откако беше ослободен во 1990 година.

Најпознатиот говор на Мандела:

Мандела засекогаш ќе остане запаметен како човекот кој го победи расизмот во Јужна Африка и им вети „подобро утро“ на своите сонародници. Со неговата добрина, пожртвуваност и храброст тој ја освои почитта од сиот свет.