Денес лидерска средба во Клубот на пратениците

18 јули, 2018 | 8:31 часот | 556 прикажувања |

За денес во Клубот на пратениците е закажана лидерска средба. Премиерот Зоран Заев ги покани лидерите на политичките партии со повеќе од еден пратеник во Собранието, да разговараат за надминување на разликите со опозицијата околу подготовките на референдумот за Договорот со Грција.

„Заради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци, на оваа средба во формат 1+1 (лидерот на партијата плус уште еден претставник на политичката партија), се поканети партиите со повеќе од еден пратеник во Собранието на Република Македонија.“ наведоа во соопштението од Владата.

Имено, Владата вчера предложи, а Собранието ја изгласа потребата за носење на Изборен законик, по скратена постапка и со европско знаменце. Со него се предвидува составот на ДИК да се гласа со 61 глас, а се брише и ставот 3 од членот 27, Комисијата за прашања на изборите и именувањата да не го разгледува предлогот.