Хан: Граѓаните, а посебно младите да не го бојкотираат референдумот

18 јули, 2018 | 8:35 часот | 712 прикажувања |

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на почетокот на скрининг процесот порача: Вратата на Европската Унија е ширум отворена, затоа граѓаните, а посебно младите да не го бојкотираат референдумот.

„Младите треба да знаат дека секој глас е важен. Важно е да се учествува, да се искористи демократското право, а тоа е израз на демократска зрелост ако многу луѓе излезат и го искористат своето право“ – рече Јоханес Хан.

„На денешната лидерска средба клучно прашање ќе биде референдумот и процесот за негова деблокада“ најави Зоран Заев

Еврокомесарот Хан упати порака да се надминат партиските интереси во име на евроатланската переспектива на земјата.
Додека на внатрешно-политички план се прават обиди за деблокада на процесот за споведување референдум, Македонија од денеска е под лупа на Европската Унија.

Преговарачкиот тим  е составен: Шеф на македонската делегација и политички преговарач е назначен вицепремиерот, Бујар Османи, а за технички преговарач задолжен е Бојан Маричиќ, советник во премиерскиот кабинет.