Град Скопје и „Градски паркинг“ ќе донираат „пајаци“ во Штип и Охрид

17 јули, 2018 | 8:36 часот | 454 прикажувања |

За зголемување на соработката помеѓу општините Скопје, Штип и Охрид, градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“, ќе донираат движен имот – специјално возило „пајак“.

Донацијата за Општина Штип, ќе биде наменета за Јавно претпријатие за одржување на улици и патишта и други комунално-услужни дејности СТИПИОН 2011 Штип и истата се состои од движен имот – специјално товарно возило со дигалка „пајак“, марка Ивеко Отојол произведено 1996 година.

Донацијата за Општина Охрид се состои од движен имот – специјално товарно возило со дигалка „пајак“, марка Мерцедес произведено во 1991 година, со хидраулична телескопска дигалка марка Вестроспрем од 2009 година.