Прославата за поканата во НАТО чинела 180 000 евра, опозицијата бара да се објават трошоците

17 јули, 2018 | 8:09 часот | 542 прикажувања |

„Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ“ –  Прослава со овој наслоб која беше организирана во саботата во 15 града низ дражавата под покровителство на Владата. Одлуката за организзирање на прославата била донесна на седница на Владата одржава во вторникот а организацијата на настаните ја водел координаторот за култура, Роберт Алаѓозовски.

Во деталниот извештај на Владата стои дека станува збор за скромна сума односно 180.000 евра. Не се одвоени парични средста за промоција на настаните, ниту пак имало платен организиран превоз на публика од еден во друг град.

Ангажманот на четириесетмината музичари чинел 75, 000 евра. За сценската опрема, бините, системите за озвучување и осветлување платени се 49.000 евра, а договорот бил реализиран од компанија со која Владата има склучено договор, врз основа на тендер и спроведена јавна набавка. Околу 35 илјади евра се платени за логистика, 150 редари, технички персонал,  заштитни огради, 15 шатори, 15 гитарски засилувачи на звук и клавијатури, транспорт на опрема и технички персонал.

Владата не објави по колку пари добил секој музчарите, ниту пак која е компанијата преку која ја реализирале оваа набавка на НАТО журката.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, прославата ја оценија како дебакл и се сомневаат дека дека станува збор за поголема сума на потрошени пари.

„Погубните политики на СДСМ со кои Македонија ја клекнаа на колена, во саботата добија црвен картон од народот.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ