
Во сообраќајна несреќа што попладнево се случила на патот Маврови Анови – Дебар повредени се шест лица, од кои четири деца.
Од МВР информираат дека сообраќајката се случила во 16 часот помеѓу едно патничко возило со тетовски регистарски ознаки и товарно возило.
Повредени се патниците од патничкото возило, односно возачот и неговата сопруга и четири малолетни деца кои што биле во автомобилот.