Трамп и Путин ќе се сретнат во жолтата претседателска палата во Хелсинки

14 јули, 2018 | 13:11 часот | 447 прикажувања |

Самитот меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин на 16 јули ќе се одржи во жолтата претседателска палата, соопштуваат официјални лица во Финска.

Палатата е изградена во 19 век.

Се наведува дека таа е една од официјалните резиденции на финскиот претседател со поглед на Балтичкото море и се наоѓа во близина на плоштадот Маркет.