Нови препеви на поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски се објавени на словенечки јазик

10 декември, 2017 | 19:20 часот | 351 прикажувања |

Во специјализираното списание за поезија „Поетикон“, кое излегува во Љубљана, на словенечки јазик објавен е обемен циклус песни од Славе Ѓорѓо Димоски, во извонреден препев на Лара Михаиловиќ. Овие препеви се и најава за објавување книга на словенечки јазик во текот на 2018 година.

Осумнаесет одделни поетски книги на македонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски се објавени на други јазици, а одделни песни и поетски циклуси преведени се на над триесет јазици. За неговата поезија напишана е една есеистичка книга, а во Италија одбранет е магистерски труд.

За својата поезија повеќекратно е наградуван во земјава и странство, а меѓу наградите се „Браќа Миладиновци“ на СВП, „Ацо Шопов“, „Сергеј Есенин“, „Гран-при на европската поезија“, и двапати со охридското највисоко признание „Св. Климент Охридски, патрон на Охрид“, еднаш за особен придонес во подемот на Охрид и еднаш за животно дело.