Едно лице загина во сообраќајка на патот Битола-Демир Хисар

14 јули, 2018 | 12:53 часот | 714 прикажувања |

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што претпладнево во 10 часот и 10 минути се случи на регионалниот пат Битола- Демир Хисар на излезот кај селото Лисолај.

Од СВР-Битола информираат дека сообраќајката настанала при судир на камион и трактор и оти загинал совозачот кој се наоѓал во тракторот.

Сообраќајот на регионалниот пат Битола- Демир Хисар, на излезот кај селото Лисолај е во прекин, а екипи на СВР-Битола и други надлежни институции вршат увид и ги утврдуваат причините за сообраќајната несреќа.