Оперската дива Елена Мошуц ќе го отвори Охридско лето

12 јули, 2018 | 8:39 часот | 134 прикажувања |

Со настап на Романската оперска дива Елена Мошуц задно со тенорот Калин Братеску под диригентство на маестро Николае Молдовeану и оркестарот на Македонската филхармонија стартува  културната манифестација фестивалот Охридско лето.

Сцената на „Охридско лето“ и годинава ќе блесне со најпознатите светски  уметници, а Охрид ќе биде центарот на светските уметнички достигнувања.

Од охридско лето најавија дека се е подготвено за претстојните 40 дена возбуда што пред бројната фестивалска публика ќе ја донесат повеќе од 800 уметници од 27 држави од Европа и целиот свет.