На свеченост, Заев ќе ја прими поканата за НАТО

12 јули, 2018 | 8:09 часот | 135 прикажувања |

Во новото седиште на НАТО во Брисел, на свеченост денес Зоран Заев ќе ја прими поканата за преговори со НАТО од Јенс Столтенберг.

Денес е вториот ден од самитот на шефовите на држави или влади, членки на алијансата.

Настанот на примопредавањето ќе се одржи во 13 часот.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, соопшти дека Македонија добива покана да се приклучи на алијансата, по целосното исполнување на договорот со Грција.