Вардар ги надигра „момците на Пандев“ со 3:1

10 декември, 2017 | 19:13 часот | 322 прикажувања |

Вардар го одигра еден од двата одложени натпревари во Првата македонска лига.

„Црвено – црните“ беа подобри од екипата на Академија Пандев со резултат од 3:1, благодарение на двата гола на Хамбарџумијан и Блажевски, додека почесниот гол за гостите го постигна Атанасов од пенал.

За Вардар ова беше осма победа во толку средби на домашен терен, додека на 13 декември игра со Работнички. Скопјани сега имаат 35 бода и се на второто место на табелата со 11 бода помалку од есенскиот шампион Шкендија од Тетово.

извор: Алсат М