Започна Самитот на НАТО во Брисел

11 јули, 2018 | 10:36 часот | 116 прикажувања |

Шефовите на држави или влади, членки на НАТО, денеска и утре одржуваат самит во Брисел. На самитот американскиот претседател Доналд Трамп ќе бара од сојузниците да издвојуваат повеќе пари за одбраната.

Вчера Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, рече дека само неколку земји издвојуваат по 2% од БДП за одбраната. Тоа се: САД, Велика Британија, Грција, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Романија.

Најголем товар од трошоците на НАТО се на САД. Дел од земјите се блиску до тој процент, а останатите имаат уште многу за да го постигнат.

На самитот на НАТО, членките се очекува да донесат одлуки за командната структура на Алијансата која треба се зголеми за 1.200 лица. Членките на НАТО треба да донесат и одлука за почеток на преговори за членство на Македонија во Алијансата.