Никола Димитров денес и утре ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во Лондон

9 јули, 2018 | 8:55 часот | 44 прикажувања |

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес и утре во Лондон, ќе учествува на петтата Kонференција на високо ниво за Западен Балкан, под покровителство на британскиот премиер Тереза Меј.

Конференцијата се организира во рамките на „Берлинскиот процес“, чии членки се шесте земји од Западен Балкан (Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија), и петте земји-членки на ЕУ: Германија, Aвстрија, Франција, Италија, Велика Британија. Во својство на набљудувачи во процесот учествуваат Словенија и Хрватска.

Покрај политичката и економската агенда на Самитот на Берлинскиот процес, оваа година во Лондон се вклучува и темата за безбедност.