Македонија оддаде последна почит на македонскиот пејач Влатко Илиевски

8 јули, 2018 | 19:52 часот | 849 прикажувања |

„И премногу добро“, „Небо“, „Така требало да биде“, „Уште си ми ти“…се само дел од песните на прерано загинатиот Влатко Илиевски.

Влатко Илиевски, човекот со големо срце, кој секогаш на своето лице имаше насмевка и зрачеше со позитивна енергија, човекот кој секогаш имаше смисла за хумор, повеќе не е меѓу нас.

Влатко починал во својот автомобил на булеварот Трета македонска бригада, од засега непознати причини.

Денес во присуство на неговото семејство, пријателите, на неговите обожаватели  Влатко беше погребан.

Влатко Илиевски и ако не е помеѓу нас секогаш ќе го помнеме по неговите хитови и неговиот ведар дух.