Спасувачката акција на северот на Тајланд е прекината, извлечени се четири момчиња

8 јули, 2018 | 19:34 часот | 127 прикажувања |

Денешната спасувачката акција на Тајланд  заврши. Четири деца се извлечени и однесени во локалната болница,  а поради технички причини во овој момент е запрена акцијата.

Во операцијата учествувале 13 странски и пет тајландски момчиња, а секое момче било извлечено во придружба на двајца нуркачи.

Гувернерот на провинцијата Чијанг Раи, Наронгсак Осатанакорн, надлежен за акцијата на спасување на 12-те момчиња и нивниот тренер, изјави  дека операцијата течела „подобро од очекуваното“.

Обраќајќи се на конференција за медиумите откако спасувачите извлекоа четири момчиња од пештерата, во која беа заробени повеќе од две недели, Наронгсак кажа дека тие се префрлени во болница.

Тој истакна дека од пештерата најпрво се извлечени најздравите момчиња и додаде дека следната фаза ќе почне за 10 до 20 часа.