Мицкоски од Струмица побара амнестија за осудените од 27 април

8 јули, 2018 | 19:19 часот | 163 прикажувања |

Денес во Струмица, ВМРО-ДПМНЕ  со нов протестен марш. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски побара амнестија за обвинетите за крвавиот четврток во Собранието на 27 април.  Според него, овие прогони се со цел за да го исплашат народот.

„ВМРО – ДПМНЕ, браќа и сестри денеска има пет пратеници кои се товарат за нешто што не го направиле, односно за тероризам. Немојте никогаш да помислите дека ги заборавам и оние наши браќа и сестри кои сега се по затворите и кои се дел од оваа конструиран политичка хајка насочена против секој слободно мислечки Македонец. 8:02 Затоа апелирам, потребна е амнестија за луѓето од 27 април, затоа што мора да продолжиме напред. Нема напред ако живееме во минатото и тоа е за тоа што ќе се бориме“, порача Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО – ДПМНЕ.

Во врска со потпишаниот договор со Грција Мицкоски изјави:

„Сакаат да се поколебате, да бидет неодлучни, да бидете потчинети, затоа што кога ќе ви речат Северно Македонци да речете добро. Добро е не, можело поинаку, иако можело браќа и сестри и морало да биде поинаку“, рече Мицкоски.