Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со протестен марш во Струмица

8 јули, 2018 | 11:47 часот | 1.019 прикажувања |

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска во 13 часот ќе одржи протестен марш во Струмица.

„СДСМ е целосно избезумен и без компас. СДСМ е заразен со синдромот Заев. Во 15 реда успеваат да излажат и потоа да се демантираат. Пред да пуштат апсурдно и неиздржано соопштение со кое што сакаат да ја манипулираат јавноста, добро е да се договорат дали Струмица е европски град или намерно заборавен град“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ниту едно соопштение од СДСМ, велат од таму, нема да го скрие фактот дека Зоран Заев ја понижи Република Македонија и трајно ги наруши нашите меѓународни позиции.