Слободан Праљак е тајно кремиран во Загреб

10 декември, 2017 | 18:56 часот | 286 прикажувања |
Слободан Праљак

Хашкиот осуденик Слободан Праљак кој испи чаша отров и додека му се изрекуваше пресуда во судот во Хаг сакал неговиот погреб да помине со што помалку луѓе и церемонии.

Како што пишуваат хрватските медиуми, телото било тајно однесено во Загреб, а потоа и кремирано во присуство на најблиските роднини и пријатели, без да се знае ниту како телото стигнало во Хрватска ниту точен термин на кремирањето.

Пред две години тој напишал проштално писмо во кое побарал да биде кремиран.

Во понеделник во Загреб е закажана комеморација за Слободан Праљак во салата „Лисински“.