Заев ја откри можната формулација на референдумското прашање

6 јули, 2018 | 13:14 часот | 450 прикажувања |

Во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ 1, премиерот, Зоран Заев открива како би гласело референдумското прашање.

„Народот убеден сум дека ќе биде „ЗА“ договорот со Грција заради тоа што прашањето веројатно ќе биде „Дали сте за Европската Унија и за НАТО и за поддршка на договорот со Грција?“. Веројатно во тој правец ќе биде заради тоа што едно со друго кај нас е поврзано и од таков аспект граѓаните кога ќе го дадат својот глас, политичарите, владата, парламентот, претседателот на државата сме должни да го почитуваме. Или можеби прашањето ќе биде „Дали сте за Европската унија и НАТО поддржувајќи го името Република Северна Македонија?“, заради тоа што тоа е договорот. Верувам дека граѓаните ќе бидат целосно позитивни“, вели Заев.