Предлог – законот за употреба на јазиците на дневен ред на Комисијата за европски прашања

10 декември, 2017 | 18:48 часот | 273 прикажувања |

Предлог- законот за употреба на јазиците во второ читање утре ќе се разгледува на Комисијата за европски прашања.

Како што информираат од Собранието, Комисијата утре во 11 часот во салата „Борис Трајковски“ ќе ја одржи 6-та седница на чиј дневен ред ќе биде предлог-законот за употреба на јазиците.