ЕУ:Дадена е условна препорака за почетни пристапни преговори доколку зeмјата ги изврши реформите

27 јуни, 2018 | 21:55 часот | 250 прикажувања |

Европската Унија објави соопштение во кое пишува:

„Од страна на Европската Унија не е дадена согласност за пристапни преговори на поранешната југословенска Република Македонија, туку е дадена условна препорака за почетни пристапни преговори доколку земјата ги изврши реформите, односно ги задоволи критериумите што важат во ЕУ“ – се вели во соопштението.

Според извештајот на ЕУ, реформите се однесуваат на подобрување на правосудниот систем, намалување на корупцијата во државата, реформи за медиумите и слободата на говорот, реформи во земјоделието, здравството и други области.