Хан: Верувам во успешен референдум и претпоставувам дека ќе добиете покана од НАТО на следниот самит

27 јуни, 2018 | 21:31 часот | 471 прикажувања |

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за Топ Тема на телевизија Телма рече: „Верувам во успешен референдум и претпоставувам дека ќе добиете покана од НАТО на следниот самит“

Според Хан, со донесената одлука, преговорите ќе започнат и во рок од една година мора да има одредени реформи.

„Ова е јасна задача, перспектива и голема награда за постигнувањата од последните неколку недели. Мора да сфатиме дека во рок од една година треба да има некакви реформи“– истакна еврокомесарот.

„Работата е завршена, луѓето во земјата може да се потпрат на овој исход. Сега треба да почнеме да ги подготвуваме преговорите, во кои приоритет ќе биде владеење на правото и слободата на медиумите. 

Во врска со противењето на Франција, Хан истакна дека мнозинството членки на ЕУ едвај чекаа да почнат преговорите, признавајќи го напредокот на Македонија.