Трамп и Путин на заедничка средба во јули

24 јуни, 2018 | 16:27 часот | 1.391 прикажувања |

Американскиот претседател, Доналд Трамп, најверојатно ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин во многу блиска иднина, изјави шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео.

И Трамп во четвртокот ја наведе можноста за нова средба со Путин во јули. Помпео, исто така, рекол дека деталите за можната средба ќе бидат разгледани при посетата на Москва на советникот за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон.

„Знам дека амбасадорот Болтон треба да отпатува во Москва в недела или понеделник. Ќе се сретне со својот колега и мислам дека веројатно и претседателот Трамп ќе се сретне со својот колега наскоро по овој состанок“, рекол Помпео.

Трамп и Путин последен пат се сретнаа во Виетнам во ноември минатата година.