Арсовски: Двајца градоначалници на СДСМ и криминалци стојат зад нападот на нашиот штаб

24 јуни, 2018 | 16:17 часот | 1.041 прикажувања |

Неколку дена пред вчерашниот напад врз централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, двајца градоначалници на СДСМ и лица со досие во МВР во едно скопско кафуле го организирале нападот, изјави предмалку Димче Арсовски, портпарол на опозициската партија.

„Нашите индиции говорат дека зад ова стои власта, а сценариото се спроведува од нивните инсталации. Во повеќе наврати сакаат ВМРО-ДПМНЕ да го втурнат во насилно сценарио позади кои е интересот на власта да предизвика инциденти, па потоа да ја обвини ВМРО-ДПМНЕ и да ја компромитира во противењето на договорот на Заев за промена на името“, изјави Арсовски.

Од МВР соопштија дека се работи на расчистување на настанот од синоќа кога боја била фрлена врз седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и околу него на плоштадот ВМРО.