Заев за српска „Политика“: Верувам во успешен референдум

24 јуни, 2018 | 14:29 часот | 1.563 прикажувања |

Референдумот ќе успее, а тоа би било успех за граѓаните на Македонија, вели премиерот Зоран Заев во изјава за српскиот весник „Политика“.

„Јас сум непоправлив оптимист како што знаете и верувам дека референдумот ќе успее, а тоа ќе значи успех за секој граѓанин на Македонија. Но, како и да е, ние како Влада јасно ќе го образложиме својот став пред референдумот. Дали тоа ќе имаат аргументи и храброст да го направат и другите политички субјекти ќе видиме. Ама зборот на граѓаните ќе мора да го почитуваат сите, и претседателот Иванов, и опозицијата, и ние како Влада”, вели Заев.