СДСМ: Договорот со Грција е патриотски чин

22 јуни, 2018 | 9:35 часот | 1.359 прикажувања |

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со реакција по вчерашните изјави на лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Конечниот договор со кој се става крај на деценискиот спор со Грција е патриотски чин со кој се гарантира и зајакнува македонскиот идентитет и се обезбедува иднината на граѓаните и државата како полноправна членка на НАТО и ЕУ.

Македонски јазик, македонски народ, македонско оро, Македонци, македонски, обезбедени еднаш засекогаш!

Тоа не е капитулација туку значаен, историски успех за народ кој што бил негиран и оспоруван.

Македонскиот идентитет не беше „стекнато право“ како што сега тврди Мицкоски. Дури и неговиот претходник, Никола Груевски, во повеќе јавни настапи тврдеше дека Грција никогаш нема да прифати македонски јазик и македонска нација. Договорот токму тоа го обезбедува“, пишува во соопштението од СДСМ