Шекеринска на средба со претставници на Сојузот на борците на НОБ

22 јуни, 2018 | 9:04 часот | 913 прикажувања |

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе се сретне со претставници од Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистичка војна на Македонија.

Како што информират од Министерството, за време на средбата ќе биде потпишан договорот за времено користење на простории во Домот на АРМ, во период од 10 години.