Мицкоски: Кој и да застане на чело на ВМРО-ДПМНЕ ќе го порази Заев

10 декември, 2017 | 18:25 часот | 241 прикажувања |

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред почетокот на вечерашната седница на Централниот комитет на партијата истакна дека не е исклучена можноста и тој да седне на претседателското столче во најголемата македонска партија.

„Ниедна можност не е исклучена“, рече Мицкоски, одговарајќи на прашањето дали се гледа себеси на местото на Никола Груевски.

Мицкоски рече дека во партијата има само една фракција, а таа се вика ВМРО-ДПМНЕ. Според него, кој и да застане на чело на партијата, во иднина сигурно ќе го порази Зоран Заев и ќе ја предводи следната македонска влада.

One comment on “Мицкоски: Кој и да застане на чело на ВМРО-ДПМНЕ ќе го порази Заев

Comments are closed.