Денес започнува „Скопско лето“

21 јуни, 2018 | 9:39 часот | 672 прикажувања |

Денес започнува „Скопско лето 2018“ овој фестивал ќе продолжи со програмските содржини кои традиционално траат до 31 јули. Во 40-те фестивалски дена најавени се околу 50 настани – театарски претстави, концерти од различни жанрови, програми за деца, десетина изложби со домашни и со ликовни уметници од странство, промоции на книги, а од 12 јули во Сули ан ќе ја има и редовната филмска содржина „Кафе кино“. Фестивалот ќе се одржува на 20-ина локации во главниот град.

  Со концерт на Дадо Дганит, позната пејачка и член на Националниот театар на Израел „Хабима“, вечер од 20.30 часот во Македонската филхармонија ќе биде отворен фестивалот „Скопско лето“.

Фестивалот е поддржан од  Град Скопје, Министерството за култура и од странски културни центри и амбасади. Директорот на ДКУС Никола Глигоров на прес-конференција рече дека се задоволни што „Скопско лето“ опстојува 39 години на културната мапа на Скопје, но и на државата, и дека со своите атрактивни и квалитетни содржини успева да го задржи вниманието на публиката.