Дружба и забава со најголемите спортски ѕвезди

21 јуни, 2018 | 11:25 часот | 928 прикажувања |

Денес во ресторанот „Фор“ во хотел Парк  со почеток во 17часот ќе се одржи настанот „Шампионите за вас“.
На настанот со донација од 100 денари фановите ќе  помогнат во собирање спортска опрема за децата што се социјално загрозени и ќе се дружат со познати спортисти.

Перо Антиќ, Едина Муса, Филип Миркуловски, Дејан Недев се дел од спортистите кои ќе бидат присутни на настанот, информираат од здружението „Проект среќа“