Груби: Денес се раѓа ново сонце на слободата и исполнување на сонот на Македонија за Европската Унија

20 јуни, 2018 | 12:25 часот | 689 прикажувања |

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби  на собраниската седница на која пратениците треба да гласаат за ратификација на договорот со Грција, говореше зошто треба да се ратификува договорот со Грција.

Според Груби со договорот се раѓа ново сонце на слободата и исполнување на сонот на Македонија за ЕУ.

„Некои ги нарекувале Гоце Делчев и Скендербег предавници, но историјата покажа дека тие биле херои. Херојство е да обезбедиш иднина за своите деца. Сите пред вас денес имате три копчиња. Зеленото копче е за храбрите луѓе и за сите што ја сакаат Македонија за своја татковина“ –  рече Груби.

„Како е можно НАТО, Европската Унија, САД, Германија, Велика Британија, Франција да се во право, да посакуваат евроатланска Македонија, а само една политичка партија да е против. Кој е во право? Таму каде што се сите таму и ние припаѓаме„ –рече Груби